Еколошката акција за зазеленување во Ѓорче Петров од советниците и градоначалничката на Град Скопје 16.4.2022
Градоначалничката Арсовска денеска учествуваше во еколошка акција во паркот во населбата Хром во Ѓорче Петов за зазеленување, на иницијатива на дел од членовите на Советот на Град Скопје.

Иницијативата за акцијата организирана од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје, а во активностите се приклучија и членовите од советничката група на АА, како и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
За време на денешните активности, градоначалничката Арсовска и советниците посетија повеќе локации каде се реализираа акции за чистење, а симболично беа засадени и 10-тина дрвја.

Покрај овие активности, градоначалничката Арсовска и советниците денеска остварија средби со членовите на советот на општина Ѓорче Петров и пратеници, каде разговараа за подобрување на меѓусебната координацијата со цел зголемување на ефикасноста во работењето. На средбите се разменија мислења и идеи за проекти, а се дадоа и предлози за подобро заедничко дејствување и меѓуопштинска соработка.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
