Арсовска - Костовски: Наместо дива депонија, реализирана нова зелена површина над 3000 квадратни метри во населба Радишани 16.5.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, извршија увид на новата реализирана зелена површина на улицата Бутелска во населбата Радишани во општина Бутел.

Долгодишната дивна депонија сега е нова зелена површина од над 3000 квадратни метри, во првата фаза хортикултурно се уредени околу 1496 квадратни метри, а во втората завршна фаза хортикултурно се уредени уште 1500 квадратни метри.
- Наместо долгогодишна дива депонија уредивме нова зелена површина на површина од над 3000 квадратни метри за граѓаните. Во оваа прва фаза на оваа површина засадени се над 200 зимзелени и листопадни садници. Продолжуваме со реализација на уредување и подигнување на нови зелени површини и зелени коридори во Скопје – изјави Арсовска.

- Новиот парк за граѓаните на општина Бутел содржи нови патеки за пешачење, посебен систем за наводнување, зимзелени и листопадни дрвца, нови летниковци како и содржини за најмладите. Комплетно реконструирано е и фудбалското игралиште коешто се наоѓа во овој потег – истакна Костовски.
За комплетно уредување на оваа зелена површина, екипите на ЈП „Улици и патишта“ во средишниот дел на паркот изградија пешачка патека, поставена е заштитна ограда и заштитни столпчиња.

Градот Скопје, заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ и општините, продолжуваат со активности за уредување на нови зелени површини и формирање на зелени коридори низ населените места во Скопје.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
