ОТВОРЕН ПОВИК ЗА „СЕМИНАР ЗА КУРАТОРИ” ВО СКОПЈЕ 2019 16.7.2019
Во рамки на европскиот проект Креарт (CreArt) се распишува јавен повик за пријавување за учество на Семинар за куратори, коj ќе се одржи од 3 до 5 октомври во Национална галерија на Македонија „Даут Пашин Амам“.
Главни теми за кои ќе се дискутира на семинарот се:
-Уметност меѓу зборовите - По дијалогот;
-Локални уметнички практики, локални или глобални услови;
-Контекстуализација на уметничкото производство;
-Дефинирање на типови изложби, независни, групни, ретроспективи, ангажирани уметности - што значи тоа за кураторот?
Семинарот е отворен за локални куратори и уметници кои се родени или жители во кој било од градовите што учествуваат во проектот „CreArt - Мрежа на градови за уметничко творештво“: Авеиро, Клермон Феран, Руен, Џенова, Лече, Каунас, Катовице, Лублин, Ливерпул, Скопје, Ваљадолид и Загреб.
Курторите и уметниците треба да имаат диплома за уметност, кураторство или сродни области или најмалку една година работно искуство во музеј/галерија.
Организацијата ги покрива патните трошоци (до 600 евра) и сместување, освен за учесниците од Скопје.
Програмски Директор и Директор на работилници е Натали Рајчиновска Павлеска, архитект и ликовен критичар.
Он-лајн формуларот за апликација мора да се достави на интернет пред 3 август 2019 година: https://creart2-eu.org/open-calls/
Потребни се следниве документи:
- Име, адреса, телефонски број и адреса за е-пошта;
- Скенирана копија на лична карта или пасош;
- Кратка биографија;
- Причини за учество на семинарот со доставен краток текст за предлог-изложба (очекувано насловена) со најмногу 500 зборови. Значајно е изложбата и уметникот да бидат од локален или друг познат контекст.
Директорот на работилницата, Натали Рајчиновска Павлеска, ќе избере најмногу 20 куратори и уметници. Одлуката ќе биде објавена на или пред 18 август 2019 година, додека избраните лица ќе мора да го потврдат своето учество до 25-ти август.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
