С О О П Ш Т Е Н И Е 16.9.2019
Град Скопје оваа година воведе нов електронски систем за учество на Јавниот повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2020 година, наменети за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2020 година.
Имено, Град Скопје, преку Секторот за јавни дејности – Одделение за култура во минатите години практикуваше потребните документи кои се бараат со јавниот повик да се доставуваат во печатена форма преку Архивата на Град Скопје, односно, апликантите, покрај пријавата, задолжително требаше да ги достават и следните документи: документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Северна Македонија од тековната 2019 година, потврда за отворена и активна жиро-сметка. Исто така, апликантите, во прилог на пријавата, требаше да достават и други документи, поврзани со реализација на активноста (авторски договори со учесниците, обезбеден простор или партнерство со некоја установа/организација, покана за учество на фестивал во странски држави, обезбедени дополителни финансии и слично).
Од оваа година, Град Скопје, во соработка со Скопје урбан лаб, изготви електронска алатка за аплицирање на Јавниот повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2020 година, наменети за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2020 година. Со помош на оваа алатка заинтерисираните апликанти имаат можност за прв пат, покрај пријавата (апликацијата) и сите потребни документи кои се бараат за учество на јавниот повик да ги достават по електорнски пат и во електронска форма.
За таа цел, ги известуваме сите заинтересирани апликанти од 18.09.2019 година да го следат официјалниот сајт на Град Скопје, официјалниот facebook профил на Град Скопје и печатените медиуми на кои ќе биде објавен Јавниот повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2020 година, наменети за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2020 година. Во прилог на Јавниот повик ќе бидат објавени и пријавите (апликациите) и Општи и посебни цели и критериуми за оценување на доставените проектни апликации на Јавниот повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2020 година, наменети за финасирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2020 година.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
