ПРВ ЦРВЕН ДРВОРЕД ВО СКОПЈЕ НА БУЛЕВАРОТ 8.СЕПТЕМВРИ 16.12.2020
Нов дрворед со околу 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести растенија со црвени листови деновиве е формиран по должината на булеварот 8.Септември, во есенската акција на Град Скопје за раззеленување на јавните површини.

- Со големо задоволство на Скопје и на скопјани им го претставувам најдолгиот дрворед кој што го засадивме оваа година, овде на булеварот 8.Септември, чија што реконструкција се одвиваше и заврши оваа есен. Станува збор за дрворед од повеќе од 100 листопадни дрвја и повеќе од 100 нискостеблести садници од 11 различни видови кои во различни периоди од годината имаат црвени листови. Ова се новите стандарди кои интензивно ги воспоставуваме во нашиот град, а тоа се одвоени пешачки и велосипедски патеки со зеленило меѓу нив, тоа се сериозно видливи промени кои се случуваат на територијата на нашиот град, тоа се стандардите за кои јас се залагам и кои чекор по чекор стануваат секојдневие кај нас. Скопје станува една многу поинаква приказна од тоа што беше во минатото, а граѓаните можат да ја видат таа разлика. Многу сум благодарен за фидбекот што го имаме од граѓаните, за задоволството што го искажуваат од воведувањето на овие современи европски стандарди – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

На промоцијата на новоформираниот дрворед на булеварот 8.Септември присуствуваше и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча.
Градот Скопје ги потсетува родителите кои имаат новороденчиња, да ја искористат можноста која им ја нуди проектот „Дрво за секое дете“, да се пријават и да добијат дрво кое ќе го носи името на нивното новороденче.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
