СЕ ПРАВИ НОВА ПЛАНИНСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА ВОДНО 16.7.2020
За развој на велосипедскиот туризам и љубителите на планинарскиот велосипедизам, како дел од проектот „Велосипедски парк Водно“, неодамна започна уредивањето на нова планинска велосипедска патека на Водно.

Новата планинска велосипедска патека со вкупна должина од 3.432 метри ќе се протега од полициската станица па се до Средно Водно. Таа е со променлива широчина (најмногу до 3 метри) и што е важно ќе биде посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари. Ова доаѓа како одговор на потребата за зголемување на безбедноста на сите посетители на Водно, преку физичко одвојување на велосипедистите од пешаците и планинарите.

Патеката ја следи постојната конфигурација на теренот и не го нарушува приридното опкружување, а при нејзината изградба нема да се оштетат или сечат околните дрвја. Се очекува истата да биде целосно готова за околу еден месец.

Проектот за уредување на оваа планинска вело патека се реализира во соработка и е кофинансиран од страна на Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council), преку програмата за развој и промоција на туризмот во шест држави од западен Балкан. RCC е регионален проект за развој на туризмот кој е финансиски подржан од Европска Комисија.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
