165 решени барања од граѓани преку електронската адреса 24@skopje.gov.mk на Град Скопје 16.12.2021
За само 10 дена откако Градот Скопје ја стави во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk, на истата пристигнаа 213 барања од граѓани, од кои 165 веќе се решени, а останатите се во фаза на решавање.
На оваа електронска адреса граѓаните можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата на граѓаните во рок од 24 до 72 часа. Отворањето на електронската адреса за комуникација со скопјани е само дел од проектот Отворен град 24 часа. Пред новогодишните празници ќе биде отворена и Канцеларијата за комуникација со граѓаните за нивните потреби и служба за брза реакција на нивен повик.
Најголем број од поднесените барања на граѓаните се за решавање на проблеми од комунална хигиена, сообраќај, градскиот паркинг, пријави до инспекторатот на Град Скопје и информации за субвенции од градот.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
