Започнува фестивалот „Нови простори 2022“ 17.6.2022
Поетско читање, танц, музика и ликовно творење ќе понуди фестивалот „Нови простори 2022“ што во текот на утрешниот ден (18.06.2022 година) од 09:30 до 21 часот ќе се одржува на кејот на реката Вардар.

Програмата на фестивалот оваа година е поделена на два дела и на две локации - првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“, а вториот дел ќе ги опфати концертот со сегментите „Нов бит“ и „Отворен микрофон" што ќе се одржи на скалите под Камени мост, кај сидрото.
Продажната изложба ќе биде поставена утрото, а сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација.

Согласно со програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себе си, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика. Во вториот дел се настапите на музичарите, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката.
Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Градскиот трговски центар – приземје.
Фестивалот се организира со финансиска поддршка од Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
