ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТА ВО СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ВО ФОКУСОТ НА ТРЕТИОТ ДЕН ОД ЕНМ 2019 17.9.2019

Можноста за комбиниран превоз до рекреативните центри во градот и електромобилноста ќе бидат главна тема на активностите предвидени за утре (18.09.2019 година), на третиот ден од Европската недела на мобилност 2019, неделата посветена на алтернативното движење.

Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“. Партнер на Градот Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други.

Во текот на утрешниот ден ќе се организираат следните активности:

ОДРЖЛИВА ТУРИСТИЧКА ТУРА
Споменик на природата Матка
08:30-13 часот


Промовирање на комбиниран превоз и лесна достапност до рекреативните центри (автобус, пешачење, возење со чамец).

Агенда:

08:30-08:40 – Собирање на групата на автобуската постојка бр.279 кај поликлиниката „Букурешт“ и поаѓање со автобус бр.60 кон Матка

09:40 – Пристигнување на Матка

10:00-11:00 – Посета на Изложбениот центар ХЕЦ Матка

11:00-11:45 – Прошетка до црквата „Свети Андреа“ и возење со чамец низ кањонот на реката Треска

12:00-13:00 – Освежување во кафе бар „Фреш“

13:05 – Враќање со автобус во градот

Учесници: ученици од СУГС „Никола Карев“

 

ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ
Технички кампус
10 – 13 часот

 

Саем на електрични возила и едукативен час 10:00-12:00
Презентација на електрични возила достапни во РСМ, возила во сопственост на разни институции и во сопственост на Град Скопје, како пример на добра пракса, возила за услужна дејност, едукација на учесниците, пригодни летоци и слично.

Јавна трибина: „Како до зголемена електромобилност?“ 11:30-13:00
На трибината со панел дискусии ќе земат збор релевантни учесници кои ќе зборуваат на темата електромобилност и ќе се презентираат политиките на Град Скопје во оваа област.

СУПЕРХЕРОИ ВЕ ЗАБАВУВААТ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
Автобусите на ЈСП Скопје
15:30-16:30

Дружење со костимирани херои од филмовите, стриповите и бајките, кои ги едуцираат и забавуваат патниците.

УРБАН ДИЗАЈН НА ГРАДОВИ: ИНКЛУЗИВНА МОБИЛНОСТ
Како дизајнот на градот може да поттикне инклузивна мобилност
Call Work Hub
19:00-21:00

TEDxSkopjeSalon настан каде што ќе се дискутира на темата како може да имаме град кој ќе поттикне инклузивна мобилност, еднаква за сите негови жители и како до подобро планирање на градовите или нивна трансформација. Ќе се дискутира и за предизвиците со кои лицата со попреченост секојдневно се соочуваат при движење во градот.

ЗВУЦИ НА ЧАРШИЈАТА
Камен мост, плоштад Филип Втори
21:00


Во Старата скопска чаршија во периодот 16.-18.09.2019 година ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел е преку концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес, да се врати некогашниот ритам на живот, кога пешачењето и велосипедот биле начин на движење. Мултимедијална и мултикултурна манифестација што треба да придонесе во активностите на Градот Скопје и Културно-информативниот центар за ревитализација на Старата скопска чаршија.

21:00 – КОНЦЕРТ / / Камениот мост, плоштад Филип Втори

DJ PITTI

КАНИТА СУМА

ЛИНДОН БЕРИША

ЕЛВАНА ЏАТА