ГРАД СКОПЈЕ ОРГАНИЗИРАШЕ ТРИ ЕДУКАТИВНИ ТУРИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ ПРЕД 75 ГОДИНИ 17.11.2019
Во чест на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје се одржаа три едукативни тури во кои учениците од средните училишта на Град Скопје имаа можност да се запознаат со клучните настани и локации поврзани со ослободувањето на градот пред 75 години.


Збирното место беше пред Музејот на илегалните работилници за оружје, на кејот на реката Вардар, a низ историските настани поврзани со ослободувањето на Скопје учениците ги водеше Бобан Ѓорѓиевски, професор по историја во СУГС „Кочо Рацин“. Присутните имаа можност да го разгледаат музејот сместен во некогашната работилница на електромеханичарот Серафим Видовски каде што е формирана првата илегална работилница за оружје во градот, а која работела од почетокот на август до 4 декември 1941 година, и да дискутираат за значењето на овој објект, за изложените експонати и за идејата за слобода.


Како дел од турите, беа и посетите на Споменикот на деветте стрелани скопјани кај Камениот мост и кон плоштадот „Македонија“ каде што учениците дознаа нешто повеќе за улогата на плоштадот на денот 13 Ноември. Турите завршуваа пред Споменикот на ослободителите пред Владата на Република Северна Македонија каде што се говореше за настаните поврзани со заземањето на некогашната Женска гимназија.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
