Арсовска и Балканската коалиција на жени со нови иницијативи за родови политики 17.3.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари работна средба со Балканската коалиција на жени. На средбата се разговараше за интензивирање на соработката на Град Скопје со Балканската коалиција на жени, со цел развој на социјалното и женското претприемништво на локално ниво и нови иницијативи за родови политики.
- Преку заедничка соработка ќе покажеме дека заедно можеме да работиме и на локално ниво, во насока на поддршка на развојни проекти за поддршка на социјалното и женското претприемништво. Искучително е важно обезбедување системска поддршка која ќе гарантира економска сигурност и финансиска независност, како и фер третман за овозможување кариерен напредок на жените. – истакна Арсовска на денешната средба.
Градоначалничката Арсовска на панел дискусијата што се одржа на 8-ми Март, во рамки на Националната платформа за женско претприемништо, ја потпиша Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, која како една од целите ќе го потикнува креирањето на политиките во реформскиот процес за поголемо учество на жените во процесот на одлучување и креирање на политики на локално и национално ниво.
Од 13 до 20 март во Скопје се одржува Конференција на Балканската коалиција на жени, во која учствуваат претставници од седум Балкански држави, кои заеднички во периодот од 2020 до 2022 година работат на Проектот “Развој на социјалните претпријатија/претприемништво“.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
