Поставена нова куќарка за размена на книги во Градскиот парк 17.2.2022
Детскиот културен центар „Карпош“ деновиве постави нова куќарка за размена на книги во Градскиот парк, заменувајќи ја старата која беше оштетена. Вакви куќарки за размена на книги во моментов се поставени во Градскиот парк, паркот „Ибни Пајко“, како и во дворот на ДКЦ „Карпош“.
Овие куќарки се поставени како дел од проектот „Улични библиотеки“ кој го реализираат Детскиот културен центар „Карпош" и Град Скопје. Во овие улични библиотеки граѓаните можат бесплатно да позајмат книги и да ги вратат откако ќе ги прочитаат, но и да оставаат книги кои би сакале да ги споделат со другите.
Главната цел на овој проект, кој се спроведува под мотото „Заедно да шириме книжевна среќа“, е да се направат книгите достапни за сите. Тие се симбол на доверба и надеж – мала предност на книжевната среќа.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
