Отворен нов пункт за наплата на ЈП Водовод и канализација во ТЦ Капитол 17.2.2022
ЈП Водовод и канализација со цел да овозможи поголема достапност за граѓаните за плаќањето на сметките постави апарат за наплата во ТЦ Капитол во Аеродром на вториот кат во трговскиот центар.
Поставувањето на овој апарат е дел од планот на јавното претпријатие за забрзан процес на дигитализација со цел доближување на услугите до своите корисници. Граѓаните на овој начин имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата за истите со користење на мастер и виза картичките од сите банки.
ЈП Водовод и канализација досега вакви апарати има поставено во дирекцијата на претпријатието, во Одделението за грижа на корисниците на ЈП Комунална хигиена и во ГТЦ на приземје. Корисниците, исто така можат да пристапат до електронските услуги на ЈП Водовод и канализација и на веб-страницата на претпријатието и мобилната апликација достапна за Android и iOS.
Ги потсетуваме корисниците на услугите на ова јавно претпријатие дека е во тек акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање со можност за склучување на договори за рати, до 48 за физички и до 24 рати за правни лица, која трае до 15.03.2022. Воедно ги повикуваме корисниците кои имаат заостанати долгови, да ја искористат оваа можност, со цел да ги избегнат гужвите што би се создале во текот на последните денови.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
