ЗАВРШЕНА ВЕЛОПАТЕКАТА НА УЛИЦА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ 17.7.2020
Деновиве заврши изградбата на новата велосипедска патека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ и со тоа Големиот Ринг во Скопје е целосно поврзан и заокружен за велосипедистите.

Новата велосипедска патека е поставена на коловозот за сметка на стеснетите коловозни ленти, односно постојните три коловозни ленти се стеснуваат од 3,5 на 3 метри. Стеснувањето на коловозните ленти ќе придонесе за намалување на бризината со која се движат моторните возила, а со тоа се зголемува безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Велопатеката е со ширина од 1,5 метри и истата е физички одвоена од лентите за возилата со заштитни рефлектирачки столпчиња. За нејзина изградба беа отстранети сите ситилајт реклами од тротоарите, со што се ослободи просторот за движење како за пешаците, така и за велосипедистите.

Со изградбата на новата велосипедска патека, Големиот Ринг во Скопје целосно е заокружен за велосипедистите, поточно велосипедски патеки се изградени на булеварите Кочо Рацин, Свети Климент Охридски, Гоце Делчев, Крсте Петков Мисирков и сега на улицата Свети Кирил и Методиј.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
