ВО НАРЕДНИТЕ ДВА ДЕНА ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ КРСТЕ МИСИРКОВ 17.9.2021
Градот Скопје известува дека поради асфалтирање со завршен слој на булеварот Крсте Мисирков, утре (18.09.2021 година, сабота) почнувајќи од 06 часот наутро па се до 05 часот утрото на 19.09.2021 година, потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до крстосницата со булеварот Кочо Рацин, во насока од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“ ќе биде комплетно затворен за сообраќај. Сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во спротивниот правец (кај МАНУ).
Во недела (19.09.2021 година) почнувајќи од 06 часот наутро па се до 05 часот утрото на 20.09.2021 година, комплетно затворен за сообраќај ќе биде спротивниот правец (во насока од „Веро Џамбо“ кон ТЦ „Мавровка“). Додека траат градежните работи на овој потег од булеварот Крсте Мисирков, сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во правец од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“.
Градот Скопје апелира до граѓаните да се придржуваат на воведениот привремен сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
