СЕ ОДРЖА ВТОРА РАБОТНА СРЕДБА ЗА ТУРИСТИЧКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВОДНО 17.12.2019
Град Скопје вчера (16.12.2019, понеделник) ја одржа втората работна средба со граѓани, економски оператори, рекреативци, спортски клубови и здруженија за заштита на планината Водно, со цел да го презентира концептот и да предложи соодветни содржини кои можат да се земат предвид за развој на туристичко-рекреативен центар Водно.

На работната средба се посочи потребата за безбедност на велосипедистите и планинарите, која би се постигнала со раздвојување на велосипедските патеки и планинарските патеки, односно изведба на нови патеки кои ќе бидат само за велосипедисти. Покрај неколку видови велосипедски патеки, во предлог студијата за развој на туристичко-рекреативен центар Водно се опфатени и следниве предлози: адреналински парк за деца (adventure park), кружна велосипедска трака за деца, парк за развивање вештини за баланс и моторика, авантуристичка патека за деца, подобрување на постојната опрема за релаксација, како и поставување дрвена платформа со видиковец и други рекреативни содржини за деца и за возрасни.

Од презентерите на предлог-решенијата беше истакнато дека за реализација на предлог-содржините нема да има потреба од сечење на дрвја, бидејки самите содржини се поставуваат со цел да бидат еколошки, и во согласност со степенот на заштита на планината Водно.

Забелешките од засегнатите страни присутни на работната средба ќе бидат земени во предвид, и измените во врска со предлог-содржините ќе бидат вметнати во финалната верзија на студијата, по што истата ќе биде објавена на интернет порталот на Град Скопје и ќе биде достапна на увид на јавноста.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
