СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СО ПОДДРШКА НА ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС 18.4.2020
Градоначалниците на скопските општини заедно со градоначалникот Шилегов и во придружба на заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска беа во посета на поголем број полициски пунктови во сите скопски општини, а го посетија и СВР Скопје.


Со оваа заедничка иницијатива на скопските градоначалници се искажува голема благодарност до полициските служби што деноноќно го чуваат Скопје и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба, како и благодарност до граѓаните на сите скопски општини кои покажуваат висок степен на одговорност за време на празничниот полициски час и ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје.


Во денешната обиколка, скопските градоначалници на сите полициски службеници на пунктови, полициски станици, мобилни патроли им даваа освежителни пијалоци, во знак на поддршка што во овие вонредни околности деноноќно се грижат за безбедноста во сите општини на Скопје.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
