Арсовска: Градот изготвува акциски план за заживување на Старата скопска чаршија 18.4.2022
- Град Скопје отпочна со изготвување на анализа во Старата скопска чаршија. Тимови од градот извршија увид, во текот на наредните недели ќе ја презентираме анализата со конкретен акциски план за тоа што ќе се прави во Старата скопска чаршија, во кој рок и како ќе придонесеме да се подобрат содржините и таа да заживее, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во гостувањето во Само вистина на канал 5 телевизија.
На прашањето што конкретно се барањата на граѓаните, Арсовска истакна дека тие не бараат многу. Напротив, потребни им се основни услови за работење.
- Барањата на граѓаните не се мегаломански. Бараат основни услови за подобро да работат и да функционираат. Бараат начин како да заживее чаршијата и токму тоа е она што ние сакаме да го направиме, дополни Арсовска.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
