Продолжуваат активностите на изградба на тротоари и вело патеки на булевар Србија 18.3.2022
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве на булеварот Србија асфалтираа дел од пешачката и велосипедска патека, односно 600 квадратни метри, површина што беше подготвена со тампон слојот и вградени рабници. За асфалтирање на овој дел од патеката се употребени околу 100 тони асфалтна маса.

Изградбата на велосипедската и пешачката патека е во насока од булеварот Февруарски поход кон булеварот АСНОМ со вкупна површина од 3.400 квадратни метри.
Екипите во текот на наредните денови продолжуваат со следната фаза, ископ на земјен материјал и подготовка на површината за асфалтирање, а по завршувањето на асфалтирањето ЈП „Паркови и зеленило“ ќе го уредат страничниот и средишниот дел со нова зелена површина.

На асфалтирањето присуствуваше и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, кој изврши увид во текот на градежните работи на терен.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
