Aсфалтирани патеките на булеварот Видое Смилевски Бато 18.3.2022
Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта - Скопје денес завршуваат со асфалтирањето на велосипедската и пешачка патека на булеварот Видое Смилевски Бато спроти маркетот Жито, во општина Аеродром во насока од булеварот Фебруарски Поход кон булевар Србија.

На вкупна должина од 800м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти. Во текот на наредните денови ќе биде обележана и хоризонталната сигнализација на патеките и поставена вертикалната сигнализација.

Во средината ќе се уредува зелената површина (средишното зеленило) кое e во надлежност на ЈП Паркови и зеленило Скопје. Во текот на наредниот период на овој потег ќе бидат извршени поврзувања со постоечките патеки.
Со завршувањето на изградбата на патеките се овозможува непречено и безбедно движење на граѓаните во овој дел од градот.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
