НАГРАДЕНИ ТРУДОВИ ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ПАРКОТ ВО КАРПОШ – НЕ СЕ ДОДЕЛИ ПРВА НАГРАДА 18.4.2020
Новиот градски парк што започна да се создава крај реката Вардар во Карпош 4, наскоро ќе започне да го добива својот препознатлив лик.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
На конкурсот што беше распишан минатиот месец пристигнаа 19 идејни решенија, а мешовитата комисија на Град Скопје и Општина Карпош издвои четири од нив како најкреативни, иако ниеден од трудовите не ја доби првата награда.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Четирите наградени трудови (две втори и две трети награди) се издвојуваат по одличните решенија за создавање на ново шеталиште на кејот во Карпош, градски шумски појаси во делови на паркот, цветни алеи, урбана опрема која одговара на просторниот контекст, како и отворени сцени и други програмски содржини.
Врз основа на зададените критериуми на конкурс бр.01599/2020 за идејно решение за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за парк во Општина Карпош, дел од Градска Четврт З 01, и тоа:
- Целосно почитување на програмските барања;
- Изводливост и одржливост;
- Инвентивност во пристапот на обликување;
- Економичност на решението;
- Задоволување на сите прописи и нормативни акти за проектирање и хортикултурно уредување на паркови;
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Оценувачката комисија по деталното разгледување на сите 19 пристигнати трудови заклучи дека ниту еден труд во потполност не ги исполнил зададените критериуми и програмските барања и одлучи да не се додели прва награда односно да се доделат две еднаквовредни втори и две еднаквовредни трети награди.
![]() |
![]() |
![]() |
На приложените трудови со шифри Скупи и Ширит им се доделува втора еднаквовредна награда, а на трудовите со шифрите Пинктинк и Ленти им се доделува трета еднаквовредна награда. Наградниот фонд од 10.000 евра ќе биде соодветно поделен помеѓу авторите на четирите решенија.
![]() |
![]() |
Согласно законските одредби, Град Скопје ќе пристапи кон изработка на основен проект за паркот во чиј процес планира да ги повика на учество и авторите на четирите наградени решенија.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци























