Арсовска: Делуваме за подобрување на животот на лицата заболени од церебрална парализа 18.5.2022
Арсовска: Делуваме за подобрување на животот на лицата заболени од церебрална парализа
Дваесет членови на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа денеска се упатија со воз од Скопје до Велес. Заедно на Железничката станица во Скопје ги испратија градоначалничката Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со пакетчиња за членовите кои во Велес ќе ги пречека Градоначалникот Марко Колев.

- Ова патување е една убава можност за дружење и за запознавање со убавините на Македонија. Во Градот Скопје децата заболени од церебрална парализа и нивните родители имаат пријател и поддршка – им рече градоначалничката Арсовска на членовите на здружението.
Социјалната заштита и обезбедувањето подобри услови за граѓаните што се соочуваат со потешкотии е приоритет на Градот Скопје кој поддржува многубројни значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на овие лица.
Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа на ниво на Скопје е активно од 1999-та година.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
