ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА МАКСИМ ГОРКИ ОБНОВЕН СО 18 ЈАПОНСКИ ЦРЕШИ 18.11.2019
Во рамките на есенската сезона на садење денеска на улица ,,Максим Горки” беше засаден дрворед од 18 висококвалитетни повеќегодишни садници од видот јапонски цреши ( како донација од вработените во локалната канцеларија на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија.)

- Во името на Град Скопје сакам да упатам благодарност до вработените во локалната канцеларија на ЕБОР за овој хуман гест кој значи многу за Град Скопје. Интензивно работиме на зголемувањето на зелените површини во Скопје, а оваа есен посебно внимание посветивме на обновување на постојните и формирање на нови дрвореди кои му се потребни на нашиот град - истакна во своето обраќање градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Ме радува фактот што дополнително многу општествено одговорни компании покажаа интерес за донации во делот на градското зеленило, што е само уште еден доказ дека сé повеќе се крева свеста за значењето на зелените површини за животната средина во градот “, нагласи градоначалникот Шилегов.
- Овие убави дрвја ја симболизираат нашата релација со градот, и придонесуваат за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Ова е приоритет за ЕБОР, кој веќе има инвестирано во поддршка на плановите на Градот за почист јавен превоз и работи со градските и општинските власти на Акцискиот план за Зелен град, кој воедно ќе понуди систематски решенија за нови инвестиции и политики - изјави Анди Аранитаси, директор на ЕБОР Северна Македонија.

Град Скопје во рамките на есенската сезона на садење предвидува уредување на повеќе нови зелени површини, и обновување на неколку стари зелени површини на различни локации во градот. Во текот на изминатиот период е оформен дрворед пред објектот на Пошта, а се засадуваат и нови садници на плочникот пред ГТЦ.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
