ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА СКОПСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2019 ГОДИНА 19.8.2019
Градоначалникот Петре Шилегов заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и со градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска го потпишаa договорот за финансирање на Центарот за развој на Скопскиот плански регион за 2019 година.
- Средствата што се издвојуваат и средствата што Градот Скопје ги издвојува во Скопскиот плански регион може да помогнат на општините кои не се во административните граници на Скопје, но географски припаѓаат на скопската котлина. Градот Скопје во инвестицискиот циклус од над 8 милиони евра што го направи во текот на оваа година може да ги помогне исклучиво општините кои се дел од административните граници на нашиот град, но со средствата што ги уплаќаме во Скопскиот плански регион индиректно го помагаме развојот и на другите општини. За мене ќе биде императив преку Скопскиот плански регион за почнеме заеднички да работиме со општините кои не се дел од Градот Скопје, особено на мерките што треба да ги преземаат во периодот што ни претстои, во зимскиот период, а се однесуваат на загадувањето на воздухот. Имам впечаток дека се фокусираме исклучиво на центарот на Скопје кога зборуваме за изворите на загадување, но природата не познава географски граници, на пример Чучер Сандево, Илинден, Петровец, Арачиново се дел од скопската котлина и тие придонесуваат во загадувањето на воздухот. Ќе барам преку Скопскиот плански регион и Министерството за локална самоуправа да фокусираме сериозни мерки кои ќе се однесуваат на жителите на овие општини со цел да ги подобриме условите за живеење не само во Скопје, туку и во целата скопска котлина – рече денеска Шилегов, на потпишувањето на договорот во просториите на Стопанската комора на Македонија.
Како претседател на ЗЕЛС, Шилегов ја поздрави иницијативата на министерот за локална самоуправа и рече дека заеднички ќе работат во работните групи на продолжување на процесите на децентрализација во нашава држава.
- Покрај зголемувањето на надлежностите ќе изнаоѓаме и начини за зголемување на средствата кои ќе ги следат овие надлежности. Очекувам до крајот на оваа година да го заокружиме тој процес и дека во текот на наредната година ќе продолжиме со процесот на децентрализација. Градот Скопје и понатаму ќе предничи во помагањето и во соработката со општините од Скопскиот плански регион зашто крајната цел на сите нас е да ги подобриме условите за живот на нашите граѓани – нагласи градоначалникот Шилегов.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
