ШИЛЕГОВ: ПОПЛАДНЕ ДОЈДЕТЕ НА „РЕКОРД“, УЛИЦАТА ЌЕ БИДЕ ПЕШАЧКА ЗОНА 19.9.2019
Градоначалникот Шилегов ги поканува граѓаните на големата Велофиеста што ќе се одржи попладнево на улицата Димитрија Чуповски, кај „Рекорд“, како дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019. Улицата Димитрија Чуповски денеска (19.09.2019 година) од 18 часот ќе биде затворена за сообраќај, а од 19 часот на нејзиниот коловоз ќе се организира дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца.
- Дојдете заедно да го почувствуваме отворениот простор и да видиме како ќе изгледа Малиот Ринг во иднина, ослободен од моторизиран сообраќај. Донесете ги и своите деца, ќе има многу забавни содржини и за нив и за возрасните – вели Шилегов.
Активностите на Европската недела на мобилност 2019 кои се посветени на алтернативните форми на транспорт се организираат под мотото „Пешачи со нас“. Партнер на Градот Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
