ГРАДОТ СКОПЈЕ ЈА ОДБЕЛЕЖУВА 80-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА ПРВИОТ СКОПСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД 19.8.2021
Во понеделник, на 23 август 2021 година, Градот Скопје ќе ја одбележи 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021).
Програмата по повод одбележувањето на овој значаен датум во нашата понова историја ќе почне во 19 часот со положување цвеќиња пред Споменикот на Првиот скопски партизански одред во Карпош 3. Потоа, ќе следува настапот на Академскиот хор „Мирче Ацев“, како и кино-проекцијата на филмот „Ослободувањето на Скопје“, во режија на Раде и Данило Шербеџија.
Претходно, од 10 часот ќе се организира историска едукативна тура за млади во Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружје за време на НОВ (1941-1944) во Скопје.
Првиот скопски партизански одред претставува никулец на организираното народно-ослободително движење во Македонија на кој се надоврзуваат прилепскиот, кумановскиот, вториот скопски, велешкиот, битолскиот партизански одред.... бригадите, баталјонот „Мирче Ацев“, па се до дивизиите и корпусите.
Во партизанските редови на одредот биле 42 партизани од кои 17 го загубиле животот во текот на војната, а од нив тројца - Александар Урдаревски, Раде Јовчевски-Корчагин и Боро Петрушевски се прогласени за народни херои.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
