ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ ТРГОВСКИ ОБЈЕКТИ ЗА 2019 ГОДИНА 19.12.2019

Градот Скопје и специјализираната агенција за анализа на квалитетот на услугата по пат на тајни купувачи „SWOT Research“, и годинава ја продолжија традицијата и ги избраа најдобрите трговски објекти во Скопје во рамки на проектот „Месец на трговијата”. Плакетите на најдобрите, денеска ги врачи Александар Богоевски, помошник раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

Според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж. Mесец на трговијата е проект преку кој може да видиме како напредувале работите со текот на времето и што ги прави најдобри трговците. Во тек е планирање на проектот и за наредната година кога ќе бидат изготвени и поединечни извештаи за сите трговски субјекти, со цел да ги согледаат постигнатите резултати и во кој дел треба да се подобрат. И оваа година секој од трговците има пристап до резултатите и извештајот од истражувањето, се со цел постигнување на високи резултати во сите категории, како и задржување на потрошувачите, бидејќи секој е потенцијален потрошувач. Град Скопје преку Програмата за заштита на потрошувачите има за цел и подигање на нивото на нивната заштита, во чии рамки ја поддржува и активноста- Доделување сертфикат „Фер со потрошувачот”, како потреба од поблиска соработка меѓу локалните власти, деловниот  сектор, граѓанските организации и граѓаните /потрошувачите. Земајќи ги во предвид резултатите од истражувањето, генерално и годинава е повисок резултатот од лани, но и дека константно веќе 4 години има пораст на вкупниот резултатот – рече денеска Боговски.

За најдобри трговски објекти за 2019 година се избрани следните:

 

Категорија „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“

 

  1. Агротехна
  2. Сетек
  3. Горење

 

Категорија „Модни додатоци и накит“

 

  1. Sigma
  2. SWAROVSKI
  3. ZAF TIME

 

 

Категорија „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“

  1. А1 Македонија
  2. ANHOCH PC Market
  3. NEOCOM

 

Категорија „Парфимерии и козметика“

  1. L' OCCITANE
  2. Yves Rocher
  3. Ziaja

 

 

Категорија „Салони за мебел“

  1. Stilles
  2. Југоекспорт Стил
  3. DOĞTAŞ exclusive

 

 

Категорија „Супермаркети“

  1. Гранап
  2. Рептил
  3. Тинекс

 

 

Категорија „Бутици“

  1. Bella
  2. Bonatti Fiore
  3. Lisca

 

 

Категорија „Домаќинство“

  1. LUSSO
  2. Moss Home Center  
  3. Coin Casa

 

Признанието најдобар трговски објект во Скопје годинава се доделува по 13-ти пат.