Советот на Град Скопје донесе одлука со која за прв пат вонсудски ќе се решаваат случаите на каснување од бездомни кучиња 20.4.2022
Советот на Град Скопје, на денешната седница донесе Одлука за надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини.
Со оваа Одлука се утврдува вонсудско спогодување во постапка по која ќе може да се исплаќа штета согласно со судските практики. Вонсудското спогогодување е во полза на намалувањето на енормните трошоци кои произлегуваат од судските постапки и сите пропратни процедури, а исто така е полезно и за оштетените во остварувањето на правото.
Трошоците за судските постапки, жалбените постапки, одговорите на жалбите, адвокатски услуги во 2020 година го чинеа Град Скопје повеќе од 15 милиони денари, во 2021 година повеќе од 26 милиони денари. Во 2020 година беа поднесени 480 тужби против Град Скопје, додека во 2021 година се поднесени 589 тужби. Оттука носењето на Одлуката за вонсудско спогодување ќе заштеди многу средства во градскиот буџет.
Согласно со новата Одлука ќе биде оформена Комисија која ќе одлучува за начинот и исплатата на штетите од каснување предизвикано од бездомни кучиња. Комисијата ќе одлучува врз основа на Правилник за склучување на спогодба со оштетени граѓани.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
