Град Скопје ќе асфалтира над 20 улици во повеќе населени места во Општина Ѓорче Петров со договор за меѓуопштинска соработка 20.4.2022
На иницијатива на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска Советот на Град Скопје донесе одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со Општина Ѓорче Петров за асфалтирање на повеќе улици во неколку населени места на територијата на општина Ѓорче Петров.
Со оваа одлука е предвидено Град Скопје и Општина Ѓорче Петров да воспостават соработка со цел асфалтирање на поголем број на улици во пет населени места, односно во Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор.
Со оваа одлука е предвидено асфалтирање на следните сообраќајници:
- Во село Волково ќе се асфалтираат 12 улици, односно ул. 83, ул. 100 десен крак, ул. 73, ул. 74 и ул. 78, ул. 80 Пржина, ул. 81 крак 1; 2 и 3 лево и ул. 81 крак 4 десно;
- Во населбата Кисела Јабука ќе се асфалтираат 7 улици, односно ул. 4, ул. 6, краци на улиците 46 и 46а и ул. 68, ул. 10 и ул. 34;
- Во населба Даме Груев ќе се асфалтира ул. „Антон Кецкаров“ кон касарна лево;
- Во Ново Село ќе се асфалтираат 3 улици, односно улицата пред ООУ „Тихомир Милошевски“ крак десно и лево, како и краци на улиците 2 и 4;
- Во населба Стопански Двор ќе се асфалтира улица 52 краци десно.
Проценетата вредност на овој проект изнесува околу 26 милиони денари и тоа Град Скопје ќе издвои средства во износ од 25 милиони денари, додека Општина Ѓорче Петров ќе учествува со милион денари и со изработка на техничка документација.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
