Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај - Денот на македонските пожарникари 20.5.2022
Свеченоста почна со постројување на скопските пожарникари, а командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, поднесе рапорт на градоначалничката Данела Арсовска. Градоначалничката Арсовска им се заблагодари на скопските пожарникари за посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат вршејќи ја оваа благородна професија.


- Почитувани пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, вашата професија е одраз на посветеност и пожртвуваност, битка на тимот против еден заеднички непријател - огнот. Секоја професија има своја специфичност, но во пожарникарството се обединуваат храброста, пожртвуваноста, хуманоста, одговорноста, професионалноста. Вашата професија една од оние чие постоење влева сигурност и спокој во нашиот град. Вашето знаење, макотрпна работа, стекнатото искуство во справување со предизвиците со кои се соочувате секојдневно, мора да бидат почитувани и наградувани. – изјави Арсовска.

Арсовска истакна дека нејзините заложби се обезбедување подобри и побезбедни услови за работата на сите пожарникари, како и континуирано вложување во човечкиот капитал.
- Противпожарната Бригада на Град Скопје е професионална служба, а пожарникарите храбри луѓе, кои честопати изложувајќи се на опасни и тешки задачи, го ставаат животот и безбедноста на граѓаните, пред сопствениот. Тоа ве прави херои на градот. Граѓаните на Скопје можат да се гордеат со противпожарната бригада. – рече Арсовска.

Командантот на противпожарната бригада, Звонко Томевски изрази благодарност за поддршката и разбирањето кое го имаат од Градоначалничката на Град Скопје и градската администрација, што влева надеж дека противпожарната служба како есенцијална услуга во модерните општества ќе го добие заслуженото место како модерна единица со која ќе се гордеат сите и би се постигнала главната цел - зголемена безбедност на граѓаните на Скопје.

На одбележувањето присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, градоначалници, советници, претставници на државните институции и голем број гости.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
