ПОЧНУВА ЛЕТНАТА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА НА УЛИЦИТЕ И БУЛЕВАРИТЕ ВО СКОПЈЕ 20.6.2021
Градот Скопје ја почнува летната градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари. Во претстојниот период предвидено е да почнат градежни работи на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини.
Планирана е изградба или проширување на следните делници:
- Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри;
- Булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри;
- Улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, на должина од 1.000 метри; и на
- Раскрсница на улицата Скупи и булеварот 8.Септември, раскрсница на булеварот 8.Септември и булеварот Никола Карев и раскрсница на булевар Никола Карев и булевар Словенија (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток).
Градежни работи за реконструкција на постојниот коловоз, пак, ќе се изведуваат на:
- Улица Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри;
- Булевар Борис Трајковски, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри;
- Улица Лука Геров, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата Волковска, на должина од 1.800 метри;
- Булевар Киро Глигоров, од булеварот АСНОМ до булеварот Александар Македонски, на должина од 500 метри;
- Улица Индира Ганди, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри;
- Булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин; и на
- Булевар Крсте Мисирков, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до булеварот Гоце Делчев, на должина од 650 метри;
Градот Скопје продолжува да гради со засилено темпо, со рекордно кратки рокови во сите 10 скопски општини. Скопје продолжува да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да обезбедиме одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај.
За потсетување, во текот на есенската градежна офанзива на Град Скопје, пред крајот на 2020 година, беа обновени многубројни сообраќајници во повеќе скопски општини, со посебен акцент на реконструкцијата на источниот влез во градот. Сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови, од 10 до 30 дена.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност