ПРВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКАТА КРЕАТИВНОСТ - ТРАМБОЛИНИ 20.8.2020
Во петок (21.08.2020 година) во 19 часот, на Школката во Градскиот парк, е закажано свеченото отворање на првиот Интернационален фестивал на детската креативност - Трамболини.
Фестивалот, кој е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, е прв фестивал од ваков тип во нашата земја, кој преку едукативни и креативни работилници има цел да ја развие креативноста и љубопитноста кај децата.
На отворањето во Градскиот парк, децата ќе имаат можност да го бараат загубеното богатство, а покрај оваа ќе има и други активности - изработка на фигури од балони, штулари, балерини, катче за боење и изработка на креативни украси, експерименти и пеење песни од ЗОО азбука, а публиката ќе ја забавуваат децата од хорот „Гласот на децата на Скопје“ со своите песни.
Разните активности на фестивалот ќе се случуваат на повеќе локации во градот, дел на отворено, а дел во јавни институции, каде што децата ќе ја развиваат својата креативност во повеќе области - ликовната уметност, музика, филм, литература, природни науки и археологија. Активностите од фестивалот ќе се реалзиираат во ДКЦ Карпош, Музејот на современа уметност, како и во паркот „Ибни Пајко“ и на на плочникот пред Археолошкиот музеј.
Отворањето и сите понатамошни активности организирани во рамките на Интернационалниот фестивал на детската креативност – Трамболини ќе се организираат во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
