ЗА САМО 16 ДЕНА ЗАВРШЕН БУЛЕВАРОТ КРСТЕ МИСИРКОВ 20.9.2021
Со вчерашното ноќно бележење на реконструираниот коловоз на булеварот Крсте Мисирков кај МАНУ, овој булевар беше завршен за рекордно време од 16 дена и од денеска е отворен за сообраќај. Овој многу фреквентен дел од булеварот Крсте Мисирков изминативе денови се реконструираше на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај „Мавровка“, во должина од 550 метри.

За реконструкцијата на оваа сообраќајница од Буџетот на Град Скопје се одвоени околу 32 милиони денари.

Градот Скопје пред две години го обнови делот од овој булевар на потегот од „Мавровка“ до Бит-пазар, а го реконструира и булеварот Кочо Рацин, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до булеварот Свети Кирил и Методиј.

Реконструкциите на сите улици и од годинешнава градежна офанзива Град Скопје ги завршува во рекордно кратки рокови за да се обезбедат услови за безбедно одвивање на сообраќајот без да се создава сообраќаен метеж.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
