ГРАДОТ СКОПЈЕ СЕ ПРИКЛУЧИ НА КАМПАЊАТА „НАСИЛСТВОТО РАЃА НАСИЛСТВО – СОПРИ ГО, НЕ ГО РАЗГОРУВАЈ“ 20.11.2019
Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за внатрешни работи за спречување на насилството од каков било вид, со посебен осврт на меѓуврсничкото насилство и говорот на омраза. За целите и активностите што се преземаат како дел од оваа кампања на прес-конференцијата што денеска се одржа во просториите на Град Скопје зборуваа градоначалникот Петре Шилегов, заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

- Мотото на оваа кампања е „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“, а токму тоа е и целта на кампањата, да се подигне свеста кај учениците во средните училишта да изградат активен однос кон спречувањето на насилството, првично преку негово препознавање, морална осуда на насилството во сите негови видови и форми, мерките за заштита од насилство, како и разбирање за штетните последици од насилството. Оваа кампања ја поврзавме со проектот „За безбеден град“ во кој Град Скопје преку средните училишта се приклучи минатата година со цел, меѓу другото, активно да се влијае на намалување на насилството во средните училишта. Во таа насока интензивно веќе втора година по ред во училиштата се организираат работилници и трибини за намалување и спречување на насилството меѓу учениците. Веќе во сите средни училишта се формирани тимови за безбедност составени од педагог/психолог, претставник од Советот на родители, претставници од СВР, професори, ученици и обезбедувачи. Тимовите имаат задача да ги детектираат можните причини за појава на насилство и да делуваат превентивно – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој додаде дека безбедноста на граѓаните е меѓу приоритетите на Град Скопје и во таа насока Градот е отворен за соработка и поддршка од секаков тип на сите институции кои имаат за цел зголемување на безбедноста на граѓаните.

- Во делот на едукацијата и превенцијата со заеднички сили можеме да постигнеме многу и заради тоа апелирам на поголема вклученост на граѓаните во проектите од ваков тип бидејќи на крајот на денот ова го правиме за доброто на сите нас – нагласи Шилегов.

- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
