
ЗА ДВА ДЕНА СЕ ПОПОЛНИ БРОЈОТ НА СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ 21.4.2021
Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување електрични тротинети и исполнување на предвидените средства, Градот Скопје известува дека овој јавен повик е затворен.
На јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за купување електричен тротинет граѓаните можеа да се пријавуваат електронски и да доставуваат фискални сметки за купен електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот се спроведува по принципот „прв дојден - прв услужен“.
Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за електрични тротинети се предвидени 1,5 милиони денари.
- ВЕСТИ
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
- 18.08.2025 - Тeрестрично прскање против комарци во Скопје
- 18.08.2025 - Соопштение за јавност
- 17.08.2025 - Соопштение за јавност
- 15.08.2025 - Соопштение за јавност
- 13.08.2025 - Соопштение за јавност
- 12.08.2025 - Соопштение за јавност
- 08.08.2025 - Соопштение за јавност
- 07.08.2025 - Соопштение за јавност