ПОКАНА ЗА 38-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 21.8.2019

Советот на Град Скопје на ден 27.08.2019 година (вторник) во 11 часот ќе ја одржи 38-та седница.

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на записниците од четвртата и петтата вонредна седница и од  триесет и седмата седница на Советот на Град Скопје

 

1. Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2019 година за периодот 01.01 – 30.06.2019 година; 

2. Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар за изработка на основен сообраќаен проект за поставување на технички средства за забавување на дел од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Адам Мицкиевич“, како и поставување на сообраќајна сигнализација на улиците согласно основниот сообраќаен проект;

3. Предлог-Oдлука за изменување на одлуката за примање донација линиски инфраструктурен објект – пешачки мост на река Вардар;

4. Предлог-Одлука за давање на времено користење недвижна ствар на ЈУ Младински културен центар-Скопје;

5. Предлог-Одлука за давање на времено користење недвижна ствар на ЈУ Универзална сала-Скопје;

6. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт И 13;

7. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 06;

8. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт ССИ 10;

9. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт Ј 07;

10. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт И 10;

11. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт ЦС 10;

12. Предлог-Oдлука за прием и за давање на трајно користење на недвижни ствари на  АД  ГЕС–СКОПЈЕ, Скопје;

13. Предлог-Одлука за пренос на правото за управување, стопанисување и користење на целокупниот имот и средства на постојниот стационар Вардариште од ЈП Комунална хигиена Скопје на ЈП Лајка Скопје;

14. Предлог-Одлука за формирање на Градски штаб за заштита и спасување;

15. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во Град Скопје за 2020 година;

16. Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на ЈП Комунална хигиена –Скопје;

17. Предлог-одлуки за давање согласност на извештаите за работењето на јавните претпријатија чиј основач е Градот Скопје, за период од 01.01.2019 – 30.06.2019 година, и тоа:

а) Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП Комунална хигиена-Скопје за период од 01.01. – 30.06.2019 година;

б) Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП Паркови и зеленило-Скопје за период од 01.01. – 30.06.2019 година;

в) Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП Улици и патишта-Скопје за период од 01.01. – 30.06.2019 година;

г) Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП Градски паркинг-Скопје за период од 01.01. – 30.06.2019 година; 

д) Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈСП Скопје-Скопје за период од 01.01. – 30.06.2019 година;

 

18. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈП Градски паркинг-Скопје за 2020 година;

19. Предлог-Одлука за давање согласност на Измена и дополна на Годишен план за вработување на ЈП Паркови и зеленило за 2019 година

20. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈП Паркови и зеленило за 2020 година;

21. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2019 година и

22. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за активностите на Град Скопје од областа на соработка со здруженија и фондации за 2019 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.