И ОВОЈ ВИКЕНД НА ВОДНО ЌЕ ИМА ЗАСИЛЕНИ ИНСПЕКЦИСКИ КОНТРОЛИ ЗА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ 21.2.2020
За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе продолжат да вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини.
Градските комунални редари изминатиот викенд на Водно вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела). Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари за време на викендите на Водно не се создава сообраќаен метеж, а посетителите имаат оптимални услови за рекреација.


Град Скопје воведе две нови автобуски линии - автобусот со број 25А тргнува од пред катната гаража „26 Јули“ на улицата Свети Кирил и Методиј, а автобусот со број 25Б - од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат). Овие две автобуски линии до Средно Водно се бесплатни за време на викендите и државните празници, а во овие денови бесплатно е и паркирањето во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).
Возниот ред на овие две автобуски линии може да го пронајдете на следната интернет врска: http://www.jsp.com.mk/VozenRedGen.aspx
Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а непрописното паркирање се санкционира.
Град Скопје им препорачува на граѓаните да ги искористат сите овие поволности и овој викенд да ги остават автомобилите во катната гаража „26 јули“ и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат) и со автобус да се качат бесплатно на Водно.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
