КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ УМЕТНИЦИТЕ И МЕДИУМИТЕ ВЕЧЕРВА ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКИ ПРОЕКТ CREART И ФЕСТИВАЛОТ НА СВЕТЛИНАТА SKOPJE LIGHT ART DISTRICT 2020 21.8.2020

Вечерва со почеток во 20:00 часот, за време на фестивалот Skopje Light Art District, а во рамки на проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation ) - Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво), ќе се оддржи конференција на тема „Комуникација помеѓу уметниците и локаните новинари. Размена на искуства.“

Трета година по ред, Град Скопје е составен дел од меѓународниот проект насловен-CreArt (Network of Cities for Artistic Creation ) - Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво), што претставува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целокупната програма на проектот финансиски е конструирана како ко-финансирање помеѓу управата на градот-партиципиент и програмата „Креативна Европа“ на Европската Комисија.

Лидер на проектот е градот Ваљадолид од Шпанија, а проектот го сочинуваат 12 градови-партнери - Авеиро, Клермон-Феран, Џенова, Катовице, Каунас, Лече, Ливерпул, Лублин, Руен, Скопје, Ваљадолид, Загреб.

Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми.

На панел дискусијата ќе говорат уметници, новинари и работници од сферата на културата за современите предизвици со кои се соочува уметничкиот свет во модерната комуникација помеѓу медиумите и уметниците, но и кои би биле начините за подобрување на моменталната состојба.

 

 

Конференцијата ќе содржи два дела:

Панел дискусија - говорници

Дита Старова Ќерими (директорка на Национална галерија) С.Македонија

Тони Димков (уредник, Културен печат) С.Македонија

Бранка Костиќ Марковиќ (музички новинар и публицист-Астрорум) С.Македонија

Александра Стратимировиќ (визуелен уметник, уметнички директор на SкLAD) Шведска/Србија

Модератор: Филип Аврамчев (продуцент на Skopje Light Art District)

 

 

Презентација на уметници, учесници на SkLAD2020

Наташа Поплавска (театарски режисер) С.Македонија

Жил Увиг (визуелен уметник) Франција

Андреј Павлов (фотограф) С. Македонија

Петар Џон (визуелен уметник) С. Македонија

Глигор Постоловски (3Д дизајнер) С. Македонија

Борис Петровски (визуелен уметник) С. Македонија