Меѓуопштинска соработка со општина Шуто Оризари 21.10.2022
Денес со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш потпишавме договор за меѓуопштинска соработка, со што Градот Скопје за првпат целосно ја финансира изградбата улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18 како и партерното уредување на спортската сала со цел унапредување на можностите и воведување нови содржини во општината. Проектите по налог на Град Скопје ќе ги изведе јавното претпријатие Улици и патишта Скопје.
Во општината Шуто Оризари граѓаните се соочуваат со многубројни предизвици, а на барање на жителите еден од приоритетите е за првпат изградбата на улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18. Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат над 1170 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот, а партерното уредување на спортската сала е едно од барањата истакнати од страна на општина Шуто Оризари.
Главната цел на тековните градежни активности е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
