Арсовска: Власта да реши дали поважни им се политичките поени да ги маскираат сопствените грешки или безбедноста на граѓаните? 22.2.2022
Апелирам до министерката за култура како претставник на Владата, но и гласноговорниците на владејачката СДСМ во советот на Град Скопје да престанат со изнесување на информации кои единствено служат за манипулирање и извртување на фактичката состојба и покрај тоа што самите тие се запознаени и учествувале во креирање на проблемот во реализацијата на овој проект, изјави Арсовска на денешната прес конференција во врска со реконструкцијата на Универзална сала.

Градоначалничката Арсовска истакна дека власта треба да реши дали нападите за собирање политички поени се поважни од безбедноста на граѓаните. Дали за претходното градско раководство отпочнувањето на активностите за реконструкцијата и покрај нецелосната техничка проектна документација и сознанијата за сериозни проблеми во објектот со цел политички поени во време на изборен циклус, беа поважни од детектираната опасност за реконструкцијата на Универзална сала.
Сведоци сме на половични решенија од претходното раководство, на избрзани проекти без имплементација. Проектот нема да застане, туку се ќе се спроведе онака како што треба, но со решенија кои се безбедни и сигурни за граѓаните, изјави Арсовска.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
