ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ПРОЕКТОТ „МОЈ ДДВ“ 22.7.2019
По повод мерката враќање на 15% од пресметаниот ДДВ, во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје се отвори штанд на проектот „Мој ДДВ“ на кој скенираше фискална сметка и градоначалникот Шилегов.
- Задоволство ми е да се приклучам во промоцијата на проектот „Мој ДДВ“ кој бележи одлични резултати. Апликацијата Мој ДДВ ја симнале околу 170.000 граѓани, скенирани се точно 4.604.000 фискални сметки со кои е остварен промет од околу 2,5 милијарди денари. Секој граѓанин може, секој граѓанин би требало да сака да биде на свој начин контролор на фискалниот промет во нашата држава. Ваквата акција овозможува секој од нас да придонесе за збогатување на нашиот семеен буџет, но исто така да придонесеме за зголемување на буџетот на државата, на градот и на општината. Тоа значи повеќе пари во буџетот на државата, со кои се градат нови улици, булевари, градинки, училишта, паркови и слично - рече Шилегов.
Градоначалникот Шилегов ги повика граѓаните да се приклучат на проектот и да скенираат сметки затоа што така сите заедно ќе овозможиме поквалитетен живот.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
