Утре и задутре авионско прскање против возрасни форми од комарци 22.6.2023

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре (23.06.2023 година, петок) и задутре (24.06.2023 година, сабота), во раните утрински часови, ќе се реализира третата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.