ПОКАНА ЗА 42 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 22.10.2019

Советот на Град Скопје на ден 28.10.2019 година (понеделник) ќе ја одржи својата 42 седница.

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

- Усвојување на записниците од четириесеттата и четириесет и првата седница на Советот на Град Скопје;

 

  1. Предлог-Одлука за измена на распоредот и проширување на средства во Буџетот на Град Скопје за 2019 година;
  2. Предлог-Одлука за примање на донација на два вело-паркинзи од Пивара Скопје АД –Скопје;
  3. Предлог-Одлука за примање на донација од ДОО Пакомак Скопје и за пренесување на правото на трајно користење на садови за отпад на ЈП Комунална хигиена – Скопје;
  4. Предлог-Одлука за примање на донација од JП Градски паркинг - Скопје и за пренесување на правото на трајно користење на 6 (шест) електромобили на ЈП Паркови и зеленило – Скопје;
  5. Предлог-Одлука за давање на трајно користење патнички моторни возила на Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ –Скопје;
  6. Предлог-Одлука за пренесување на правото на трајно користење на специјални комунални возила за странично собирање и транспортирање на комунален отпад;
  7. Предлог-Одлука за пренесување на правото на трајно користење на мини метларки;
  8. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година за четврт С 18;
  9. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година за четврт З 06;
  10. Предлог-Одлука за давање согласност за преземање вработен;
  11. Предлог-Одлука за давање согласност на Дополнување на Ценовникот за саден материјал кој ЈП Паркови и зеленило Скопје го набавува од Флораком ДООЕЛ Скопје бр.03-1530 од 16.08.2017 година;
  12. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за одржување на магистрални и собирни улици на подрачјето на Град Скопје во зимски услови за 2019/2020 година (Зимска служба);
  13. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Одлука бр. 02- 2788/5 од 07.12.2018 година за висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП Паркови и зеленило -Скопје, за 2019 година;
  14. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП Градски паркинг-Скопје;
  15. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот од работењето на ЈП Градски паркинг-Скопје за период од 01.01. 2019 до 30.09.2019 година;
  16. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот од работењето на ЈП Паркови и зеленило-Скопје за период од 01.01. 2019 до 30.09.2019 година;
  17. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот од работењето на ЈСП Скопје-Скопје за период од 01.01. 2019 до 30.09.2019 година;
  18. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот од работењето на ЈП Комунална Хигиена-Скопје за период од 01.01. 2019 до 30.09.2019 година;
  19. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештајот од работењето на ЈП Улици и патишта-Скопје за период од 01.01.2019 до 30.09.2019 година;
  20. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски паркинг – Скопје од страна на лица со посебни потреби за 2020 година;
  21. Предлог-Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување на ЈУ Музеј на Град Скопје, за 2019 година;
  22. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУ Дом на култура Кочо Рацин, за 2020 година;
  23. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈУ Универзална сала-Скопје, за 2020 година;
  24. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Статутот на ЈУ Ученички дом на Град Скопје “Здравко Цветковски“;
  25. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2019 година;
  26. Предлог-Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на Град Скопје, за период 2019-2024 година и
  27. Информација за уписот и приемот на ученици во прва година во учебната 2019/2020 во средните училишта и во ученичките домови на Град Скопје.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.