Град Скопје ќе имплементира иновативен еко модел за рециклирање и ре-употреба на градежен отпад и шут 23.3.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на Швајцарија, Вероника Хулман Марти, амбасадорот на Албанија, Фатос Река и голем број градоначалници, денеска учествуваа на конференцијата за потпишување договорите за ко-финансирање и поддршка на проекти во рамките на две програми за финансирање од страна на Европската Унија (ЕУ).
Градоначалничката Арсовска во име на Град Скопје, го потпиша договорот за реализација на европскиот проекот Re-Construct, за креирање и управување екосистем за имплементација на циркуларен модел за справување со градежен отпад. Проектот е финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за општини и истиот ќе се одвива во времетраење од три години.
- Со помош на овој пилот проект за прв пат некоја единица на локална самоуправа ќе го отвори прашањето со третирањето на градежниот отпад и шут од уривање, изнаоѓање на начини за негова иновативна пренамена и негова повторна употреба. Главната цел на овој проект е да се зголемат и подобрат капацитетите на Град Скопје за транзиција кон циркуларна економија и одржлива реупотреба на градежен отпад – изјави Арсовска.
На полето на подобрувањето на услугите преку иновативни концепти од проектот „ЕУ за општините“ поддршка ќе добијат 8 единици на локалната самоуправа, додека во рамките на прекуграничната соработка од ИПА програмата на ЕУ ќе бидат поддржани 11 проекти на единиците за локалната самоуправа од три плански региони заедно со нивните партнер општини од Република Албанија.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
