ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА КИНО-ПРОЕКЦИЈАТА НА ФИЛМОТ „ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ“ 23.8.2021
Градот Скопје ги поканува граѓаните на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021) што ќе се одржи вечер, пред Споменикот на одредот во Карпош 3.

Програмата по повод одбележувањето на овој значаен датум во нашата понова историја ќе почне во 19 часот со положување цвеќиња пред паметникот, а потоа ќе следува кино-проекцијата на филмот „Ослободувањето на Скопје“, во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Првиот скопски партизански одред претставува никулец на организираното народно-ослободително движење во Македонија на кој се надоврзуваат прилепскиот, кумановскиот, вториот скопски, велешкиот, битолскиот партизански одред.... бригадите, баталјонот „Мирче Ацев“, па се до дивизиите и корпусите. Во партизанските редови на одредот биле 42 партизани од кои 17 го загубиле животот во текот на војната, а од нив тројца - Александар Урдаревски, Раде Јовчевски-Корчагин и Боро Петрушевски се прогласени за народни херои.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
