ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ПОСТАПКА ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОК НА ИМОТ И ФИРМАРИНА ЗА 2018 23.9.2019
Град Скопје ги известува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година.
Во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои поседуваат недвижен имот и вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на заостанатиот долг по доставената опомена е поминат, на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници.
Им укажуваме на сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, дека треба да ги подмират своите обврски.
Напоменуваме дека доколку по добивањето на ваквото решение не го подмират долгот ќе се изготви решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
