СДСМ ги злоупотребуваа парите на скопјани четири години 23.1.2022
СДСМ ги злоупотребуваа парите на скопјани четири години. СДСМ во изминатите години без план, без проекти, брз реализација го презадолжија градот и јавните претпријатија ги оставија како загубари.
СДСМ не можат да се помират со фактот дека граѓаните го казнија нивното недомаќинско, расипничко владеење и повеќе нема да можат да трошат народни пари за луксузирање по кафани.
За нешто повеќе од два месеца градоначалничката Арсовска и Град Скопје исчистија над 120 депонии во Скопје, градот воспостави интензивна комуникација со граѓаните, се отпочнува со реконструкција на 10 булевари во Скопје, се стави во функција жичницата до врв на Водно, секој денар домаќински се наменува за ефикасни услуги за граѓаните.
32 илјади евра наменети од Шилегов и СДСМ за јадење и пиење по кафани, Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ги пренамени за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории.
Во изминатите месеци се документираат корупциски скандали и злоупотреби на претходното раководство на Град Скопје предводено од Шилегов и директорите кои тој ги поставил, за кои СДСМ се обидува да им го покрие срамот со напади, навреди и манипулации.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
