Град Скопје започна постапка на ветинг за директорите на јавните претпријатија 24.1.2022
За првпат во Град Скопје започна постапка на ветинг за поставените директори на јавни претпријатија.
„Ќе има нулта толеранција за корупцијата. Ова е системска мерка за елиминирање на можностите за корупција во рамки на градот и спречување на какви било судир на интереси. Денеска овој процес започна со директорите на јавните претпријатија, а ќе продолжи со раководителите на секторите„, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска по состанокот со директорите на јавните претпријатија.

Секој од директорите веќе пополни анкетен лист до Државната Комисија за спречување на корупција и потпиша изјавата за непостоење на судир на интереси во нивната работа. Овој процес ќе биде пракса за секое лице кое аплицира за позиција или унапредување.
„Град Скопје на овој начин започна активно да работи на подобрување на интегритетот на локалната самоуправа со цел значително да се намалат и отстранат сериозните прекршувања на работниот процес поврзани со корупцијата. Ова е строг процес на проверка за да се утврди соодветноста за вработување или унапредување на работната позиција. “, додаде Арсовска.
Спроведувањето на процесот на ветинг беше едно од предизборните ветувања на градоначалничката Арсовска.

Градот Скопје ќе продолжи со спроведување на новата политика на интегритет за јакнење на етичкото и професионално постапување во градската администрација. Само на овој начин ќе се воспостави одржлив систем за интегритет во рамките на јавните установи под ингеренции на градот. Воспоставување на овој систем претставува јасна заложба на највисоко раководство на Град Скопје за нулта толеранција за корупција, како и за кое било несоодветно и неетичко однесување.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
