СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ И ГРАД СКОПЈЕ ЗЕМАА ОБВРСКА ДА СПРЕЧАТ НОВО ЗАРОБУВАЊЕ НА ДРВЈАТА 24.7.2019
Град Скопје во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром ја продолжуваат акцијата за ослободување на заробените дрвја од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности. Tимот од Шумарскиот факултет досега прецизно мапираше точно 841 заробено дрво во градот, од кои околу 150 се веќе ослободени. Оваа акција и денеска се одвива во општините Карпош, Чаир и Центар каде што се работи со забрзано темпо.
- Општина Аеродром акцијата ја заврши во еден ден. Според моите информации, во Аеродром не остана ниту едно заробено дрво и со тоа оваа општина можеме да ја сметаме за „целосно ослободена“ во однос на заробените дрвја. До крајот на акцијата очекуваме да се ослободат најмалку 200 дрвја, што е повеќе од 25% од вкупниот број заробени дрвја во Скопје – рече денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на акцијата што се спроведуваше на улицата Никола Тесла во општината Карпош.
Тој нагласи дека скопските општини заедно со Град Скопје и градските јавни претпријатија на секој можен начин ќе спречат ново заробување на дрвја на јавните градски површини.
- Апелираме и до сите физички лица и компании кои изведуваат макар и најситни градежни активности да внимаваат на дрвјата бидејќи тие се едни од најважните чувари на нашето здравје и здравјето на нашите деца – додаде Салиху.
На денешната акција за ослободување на заробените дрвја на улицата Никола Тесла присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.
- Со оваа акција ослободуваме израснати и квалитетни дрвја, со што ќе овозможиме тие непречено да се развиваат. Израснатите и развиени дрвја го прочистуваат воздухот и ја задржуваат прашината и честичките за 30 до 40 проценти повеќе од помалите и неразвиени дрвја – рече Богоев.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
