ОД УТРЕ ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА ПЛАСТИЧАРСКА 24.2.2020
Град Скопје известува дека поради реконструкција на ул. Пластичарска, поточно изведба на атмосферска канализација, проширување на пешачка патека и обнова на водоводната мрежа, на дел од улицата ќе биде воведен времен сообраќаен режим.
Измената на режимот на сообраќај ќе почне да важи од утре 25.02.2020 година (вторник), кога ќе почне асфалтирањето на северната тротоарска површина на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница со ул.Македонско-косовска бригада. Потоа ќе продолжи асфалтирањето на површините по должината на улицата на делот од проширувањето, како и гребење на постојната сообраќајница во широчина од 4 метри.

Времениот сообраќаен режим ќе биде воведен на крајната десна сообраќајна лента во правец кон касарната Илинден,сообраќајот ќе се одвива двонасочно на преостанатиот дел од улицата за што ќе биде поставена и соодветна сигнализација. По завршување на наведените градежни работи ќе се работи на асфалтирање и на јужната страна од улицата со ист редослед на активностите.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.
- ВЕСТИ
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
